КОГА ПО МЕЧОТ
СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА СУДИЈАТА, ТОГАШ НЕШТО ЛОШО „МИРИСА„ ПО МАКЕДОНСКОТО „ВЕЧНО
ДЕРБИ„
Двете навивачки групи направија свое шоу со кое му дадоа дополнителна убавина на „вечното дерби„. Близу 1.000 чкембари организирано со воз од Битола дојдоа на „Филип втори арената„ да го прослават 27 роденден. Организаторот на натпреварот направи груби пропусти во организацијата, ја доведе во прашање безбедноста на некои од фудбалерите по инвазијата на вардаровите навивачи на полувремето, дозволи во редарската служба да се инфилтрираат навивачи и ризикува сериозна казна и суспензија. ФК Пелистер најави барање на суспензија на теренот на Вардар заради лошата организација и жесток протест против судиската четворка, која со својата арбитража комплетно го сврте кредибилитетот на натпреварот.
ФОТО: www.ekipa.mk
Вардар - Пелистер
3:1 (1:0)
Стадион: „Филип
втори арена„ - Скопје. Гледачи: 7.000
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса
Емрулаи и Небојша Георгиевски (сите од Тетово)
Делегат: Илија
Митров (Штип)
Стрелци: Петров
во 44, Таневскив о 87 и
Костовски во 90 минута за Вардар, а Главевски во 50 минута за Пелистер
Жолти картони: Бојовиќ,
Стјепановиќ, Костовски (Вардар), Коруновски, Ристевски, Т. Вељановски,
Китановски, Главевски (Пелистер),
Црвени картони:
А. Вељановски во 88 минута за Пелистер
Вардар:
Захов, Илиевски,
Таневски, Бојовиќ, Цикарски, Стјепановиќ, Маневски (од 53м. Темелков),
Стојаковиќ (од 88м. Гешовски), Петров, Костовски, Георгив (од 90м. Вајс)
Пелистер:
Коруновски,
Китановски, Драгарски, Лескароски, Т. Вељановски, С. Магловски, А. Вељановски
(од 83м. Т. Магловски), Лазаревски (од 46м. Б. Марковски), Ристевски,
Димитровски (од 74м. Елмазовски), Главевски
Во натпревар кој веројатно уште
долго ќе се прераскажува, Пелистер како никогаш досега го надигра Вардар среде
Скопје, но остана без никаква награда за тоа, слично како со Работнички пред
еден месец. Но, ако тогаш се лутеа самите себе си на лошата реализација и
среќа, вечерва пелистерци „фрлаат дрва и камења„ по тетовскиот судија Јосип
Бартон кој од никаде беше делегиран за „вечното дерби„ а со неколку одлуки го
насочи мечот од пораз во победа за послабата екипа. Зелените авторитетно почнаа
со отворена формација и вистински пристап на теренот. Михајлов го извади истиот
тим од мечот со Ренова и веќе во првите 10 минути Китановски и Александар
Вељановски се обидоа од дистанца. На сличен начин, првата закана ја имаа и
лидерите на табелата преку опоравениот Георгиев во 12 минута. Првиот спорен
момент беше грубиот прекршок на Раденко
Бојовиќ врз Лазаревски, по кој српскиот дефанзивец наместо пат кон
соблекувалната доби само жолт картон, а Лазаревски заработи тешка повреда на
рамото. Сепак доминацијата на средината
на теренот, очигледната амбиција први да поведат, на битолчани им понуди три
големи шанси за 0:1 до одморот. Во 23 минута по долгата топка кон Димитровски,
овој додаде до Главевски, кој со глава од неколку метри биеше крај голот. Во 40
и 41 минута Главевски и Драгарски два пати не се снајдоа од повеќе од изгледни
ситуации во казнениот простор на вардарци. И на давеникот рака му подаде
судијата Бартон, со втората груба грешка. Во 44 минута Тони Вељановски беше
видливо фаулиран на средината на теренот, Бартон не ја прекина играта, Вардар
исфорсира контра и среќно преку Филип Петров од одпадок поведе.
Сашо Лазаревски не можеше да
продолжи и остана во соблекувалната и беше заменет со Благојче Марковски. Веќе
во 50 минута по акцијата на Томе Китановски по десната страна, Главевски со
манир на напаѓач со истенчено чувство за гол, од свртување израмни на 1:1. По
еден час игра ритамот на средбата опадна и шансите не беа така чести.
Најзрелата ја имаше Вардар во 64 минута кога по центаршутот на Георгиев, левиот
бек на Пелистер Тони Вељановски ја
извади топката од самата гол-линија. И кога сите ја видоа поделбата на пленот,
тетовски судија пронајде прекршок од Лескароски, по кој следеше слободен удар и
по една лошо шутирана топка од Илиевски, гол за водство на Таневски. Во
протестите кон судиската четворка од Тетово, најжесток беше Александар
Вељановски кој беше исклучен. Во судиското надополнување по корнерот на
Георгиев, високо скокна Костовски и ги постави финалните 3:1.
Навивачко шоу и лоша
организација
Двете навивачки групи направија свое шоу со кое му дадоа дополнителна убавина на „вечното дерби„. Близу 1.000 чкембари организирано со воз од Битола дојдоа на „Филип втори арената„ да го прослават 27 роденден. Организаторот на натпреварот направи груби пропусти во организацијата, ја доведе во прашање безбедноста на некои од фудбалерите по инвазијата на вардаровите навивачи на полувремето, дозволи во редарската служба да се инфилтрираат навивачи и ризикува сериозна казна и суспензија. ФК Пелистер најави барање на суспензија на теренот на Вардар заради лошата организација и жесток протест против судиската четворка, која со својата арбитража комплетно го сврте кредибилитетот на натпреварот.
ФОТО: www.ekipa.mk
Нема коментара:
Постави коментар