Откако селекторот Чедомир Јаневски дополнително го повика играчот за врска Остоја Стјепановиќ на местото на Стефан Спировски, автоматски Вардар според пропозициите доби право да бара одложување на мечот, затоа што во националниот тим има два стандардни првотимци. Покрај Стјепановиќ, Јаневски на списокот за квалификациите за СП 2014 година со Хрватска и Србија го повика и крилото Драган Ѓорѓиев.
Фудбалската федерација на Македонија најдоцна за 48 часа треба да одговори на барањето на Вардар, а веќе еднаш црвено-црните добија одложување за мечот со Еуромилк, кога првакот се најде во иста ситуација минатиот месец, пред дуелите на стартот на квалификациите. Барањето за одложување на мечот сега им ги расипа плановите на вардаровите навивачи, „Комитите“, кои за в недела планираа вистинска инвазија на Битола, речиси двојно поголема од таа на нивните ривали Чкембарите, кои минатиот викенд дојдоа во Скопје на пресметката во првенството.

Нема коментара:
Постави коментар