ФК Пелистер
жестоко се противи на организационите и судиските проблеми кои го пратеа
„вечното дерби„ на македонсиот фудбал меѓу Вардар и Пелистер. Самото делегирање
на судијата Јосип Бартон за овој меч е голем удар за македонскиот фудбал.
Најочекуваниот и најквалитетниот натпревар во државата треба да го суди најквалитетниот судија, па макар тој доаѓал и од Скопје. Интерпретацијата на натпреварот, инвидуалните грешки директно влијаеа на конечниот резултат и го извртеа прикажаното на теренот. На првите два гола на Вардар му претходеа судиски грешки на штета на Пелистер, што ги прави самите голови нерегуларни. Видливиот прекршок над Тони Вељановски пред постигнувањето на првиот гол и непостоечкиот слободен удар пред вториот гол, заради прекршок на Лескароски кој не постои, се само највидливите грешки. Пелистер има сериозни замерки и заради интерпретацијата на казнените мерки и распределбата на картоните. Во првиот дел не беше исклучен Раденко Бојовиќ заради грубиот фаул врз Сашо Лазаревски, кој заработи посериозна повреда. И не само набројаните грешки, туку најголем пропуст на тетовскиот судија е тоа што во ниту еден момент го немаше натпреварот в рака. Ако арбитражата на Бартон со Шкендија, моментите кои му наштетија на Пелистер на средбите со Металург и Тетекс, ги сметавме за ненамерни и изолирани, судењето против Вардар во најмала рака е тенденциозно. ФК Пелистер бара одговорност за делењето на правдата на „вечното дерби„ кое кај нас треба да биде празник за фудбалот, а кога по мечот се говори за судијата, некои работи избегале од контрола.

Заради сериозни организациони
пропусти ФК Пелистер бара суспензија на теренот на ФК Вардар, бидејќи на
неделниот меч имаше серија на недостатоци кои можеа да бидат фатални. Во меч со
висок ризик, со две навивачки групи силно „мотивирани„ организаторот мечот го
обезбеди како да обезбедува детска градинка, па ја доведе во прашање
безбедноста на фудбалерите и симпатизерите. Недозволиво да се случи инвазија на
теренот од навивачите на Вардар на полувремето при што ризикуваа резервните
фудбалери кои се загреваа да бидат испровоцирани, удрени, повредени. Во таква
атмосфера, со напалени и пијани навивачи, стотици вардарци да протрчаат низ
тревникот и да се обидат да дојдат до противничката навивачка група е преседан.
Малку недостигаше со некои од фудбалерите на Пелистер од клупата да дојде до
пресметка. Организаторот инфилтрира навивачи во редарската служба, кои го
испровоцираа инцидентот. Наместо таа служба да биде за воспоставување на ред и
мир на стадионот, малолетници се обидоа да влезат меѓу навивачите на Пелистер,
да украдат навивачко знаме и да испровоцираат инцидент. Ако пред нешто повеќе
од еден месец за изолиран инцидент во одлично организиран натпревар, стадионот
„Тумбе кафе„ беше затворен за два натпревари, бараме теренот на ФК Вардар да
биде суспендиран на подолг период. Со лоша организација и катастрофално судење
не се враќаат гледачите на трибините, туку се провоцира насилството и се
доведува во прашање кредибилитетот на првенството. ФК Пелистер во името на
својата многубројна армија на навивачи, со која е во секојдневна организациона
комуникација и ги едуцира своите навивачи на вистинските вредности на спортот,
апелира сите наведени заклучоци да се земат многу сериозно, бидејќи најмногу
губи обичниот гледач, кој во Битола две недели не можеше да го гледа својот тим
и оној гледач кој во неделата во Скопје, виде дека Пелистер беше подобриот тим
на кој не му беше дозволно да победи.
Борд
на директори на ФК Пелистер
Нема коментара:
Постави коментар