Петти пораз во
сезоната во најлошиот натпревар за Пелистер на теренот на Силекс во Кратово
Силекс - Пелистер
2:0 (2:0)
Ако во претходните мечеви на гостински
терен Пелистер имаше добри настапи, но сплет на лоши околности донесе само
порази, мечот во Кратово е за заборав и го вклучува алармот на криза во зелениот
табор.
Против предпоследно пласираната екипа во лигата, екипата на Горазд Михајлов мечот го загуби уште на стартот и со само 1 бод од последните 3 натпревари западна во резултатска криза. Мечот уште не започнал, а Николче Георгиев во 2 минута го доведе Силекс во водство по невниманието на комплетната одбрана на пелистерци. Имено по првиот корнер, фудбалерот на Силекс постави глава и го измами Коруновски. Во 14 минута веќе беше 2:0. Георгиев беше срушен од Лескароски во казнениот простор на Пелистер, а главниот судија покажа на белата точка. Заревски беше успешен егзекутор на најстрогата казна. Како никогаш оваа сезона, пелистерци имаа невозможна мисија и ако планираат еден вид на натпревар, мораа да се трансформираат за да го стигнат убедливото водство на домашната екипа. Во таквата игра најзрелата шанда ја имаше Елмазовски кој ја погоди пречката во обид да центрира.

Во вториот дел Пелистер целосно
доминираше и со влегувањата на Руревски и Благојче Марковски, играше во многу
офанзивна формација, но Силекс одолеа на серијата нафрлени топки и мешаници
пред домашниот гол. Втор пат зелените ја погодија рамката од домашниот гол во
финишот, кога Томе Китановски добро биеше, но му недостигаше среќа за да го
врати својот тим во натпреварот.
Во наредното 11 коло в недела од
13:00 часот под Тумбе кафе доаѓа лидерот на табелата Хоризонт Здравје од
Турново и тоа ќе биде нов сериозен тест за можностите на овој Пелистер.
Очигледно мечот со Вардар и случувањата пред и по таа средба оставиле сериозна
трага врз екипата на Пелистер. За наредните средби се очекува враќањето на
казнетиот Александар Вељановски и на повредениот Димче Ристевски.
Нема коментара:
Постави коментар