Powered By Blogger

27. 10. 2012.

Долго време израмнето, на крајот пораз

Зомимак М - Пелистер 32:28 (14:16) 

Иако дербито со новиот суперлигаш Зомимак М требаше да се игра во Битола, по договорот на двете управи истиот се одигра во спортскиот центар „Парк„ во Струмица.
Во многу изедначен натпревар домашната екипа во последните 10 минути успеа да го добие мечот. Пелистерци одлично отворија, имаа 2-3 гола предност во раната фаза. Тоскоски одлично бранеше, Васко Димитровски без грешка погодуваше од линијата и на одмор битолчани отидоа со +2. И на стартот на вториот дел Чурлевски, Ордев и другарите одржуваат 1-2 гола предност. Сепак серијата на седмерци на Пецаковски, головите од крилна позиција на Реваз Чантурија во 44 минута го најавија пресвртот. Струмичани повторно дојдоа во водство и не го испуштија до самиот крај. Зомимак М постојано имаше човек повеќе и често тоа максимално го користеше. Со 20 гола од 32 на домашната екипа на споменатиот тандем Чантурија-Пецаковски, победата на струмичани не можеше да изостане. Добар настап на младата екипа на Кире Поповски, во која пак одскокна Васко Димитровски со 7 гола. Во наредното 8 коло битолчани му гостуваат на Куманово кој во првото коло одигра нерешено во Битола.  

Нема коментара:

Постави коментар