Powered By Blogger

25. 10. 2012.

Респект за Турново, бодови за Пелистер

ВО БИТОЛА СО НЕТРПЕНИЕ СЕ ОЧЕКУВА ЛИДЕРОТ, НО БОДОВИТЕ ГИ ПЛАНИРА ДОМАШНИОТ ТИМ
Како никогаш досега гостувањето на Хоризонт Здравје од Турново во Битола е дерби. Ако во минатото многу често пелистерци во мечот влегувале со подобар пласман и поголем број на бодови, сега ситуацијата е поинаква.
Турновци се лидери и како такви мора да се респектираат. Пелистер скоро во комплетен состав ја одработува неделата која се доближува во натпреварот. Зелените не се под посебен притисок, иако на последните три средби освоија само бод. Стручниот штаб смета дека ги знае причините за дисконтинуитетот во играта и се надева на домашното издание на екипата. Во меѓувреме два фудбалери на Пелистер Христијан Драгарски и Томе Китановски дебитираа во младинската репрезентација на мечот на младинските селекции во Куманово со Црна Гора. Токму централниот дефанзивец со оптимизам гледа на наредниот предизвик:
                „Хоризонт Здравје е квалитетен тим и каков таков треба да се респектира. Но ништо повеќе од респект. Ние сме Пелистер и на нашиот домашен терен очекуваме победа. Добро работиме, го оставивме зад нас поразот во Кратово и со нетрпение чекаме овој меч да дојде. Се надевам дека нашите навивачи ќе го препознаат моментот во кој минува шампионатот и ќе не подржат„ ни рече Христијан Драгарски младиот репрезентативец во редовите на Пелистер.
                Иако е назад во групата Димче Ристевски најверојатно нема да биде ризикуван на натпреварот в недела и ќе се врати во тимот за гостувањето кај Шкендија. Сите останати се во тренажен процес и им преостануваат уште два тренинзи за да се искристализира тимот за мечот од 11 коло. Со овој натпревар завршува првата третина од сезоната и можат да се донесат заклучоци за направеното до сега

Нема коментара:

Постави коментар