Powered By Blogger

27. 7. 2015.

Драгарски повторно слободен, мак-гигантите во нова трка за неговиот потпис

ДРАГАРСКИ ИНТЕРЕСЕН ЗА НАЈДОБРИТЕ ДОМАШНИ КЛУБОВИ, НО ПРИОРИТЕТ МУ ДАВА НА ПОНУДИТЕ ОД СТРАНСТВО
Иако пред еден месец се договори со новиот член на српската Супер лига, Радник од Сурдулица, младиот дефанзивец Христијан Драгарски повторно е слободен фудбалер и на нешто повеќе од еден месец до крајот на преодниот рок е опција за најдобрите македонски клубови.
Имено заради непочитување на договорените финансиски детали од договорот, Драгарски го раскина договорот на негово барање и чека нова опција за продолжување на кариерата. Пред да потпише за Радник, бившиот фудбалер на Пелистер беше во преговори со трите најдобри екипи од минатиот шампионат на Македонија: Вардар, Работнички и Шкендија, а истите екипи и сега ќе се обидат да го добијат. Сепак приоритет на изданокот на битолската школа, кој беше незаменлив во младинската репрезентација, повторно му е трансфер во странство. Во романската Конкордија одигра одлична сезона, но заради драстично намалениот буџет во новата сезона, ја напушти романската лига. 

Нема коментара:

Постави коментар