Powered By Blogger

27. 7. 2015.

Митревски: „Чест ми е што ќе бидам дел од големата фамилија на Бенфика„

БИТОЛЧАНЕЦОТ МИТРЕВСКИ ПРЕСТАВЕН ВО ТРОФЕЈНАТА САЛА НА БЕНФИКА
Репрезентативниот голман, Николче Митревски официјално беше претставен во неговиот нов клуб, португалска Бенфика. Клубот со најмногу акционери во светот, главно познат по фудбалскиот клуб, овој викенд ги претстави засилувањата за новата сезона.
Покрај Митревски за „орлите„ потпишаа Велингтон да Силва и Драган Вргоч. Митревски, кој е прв македонец кој ќе го носи дресот на Бенфика, го искажа својот респект кон големото име, Бенфика: „Се одлучив за Бенфика, бидејќи е големо светско име, една голема фамилија и ми претставува голема чест што ќе го носам овој дрес„ истакна на презентацијата Митревски. Битолчанецот со својата нова екипа ќе се претстави во Струга на традиционалниот турнир на „Женска плажа„ кон средината на август.  

Нема коментара:

Постави коментар