Powered By Blogger

6. 7. 2015.

Ференцварош му ја одзеде Суперкуп титулата на Ивановски и Видеотон

БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ УСПЕА ДА ГО ОСВОИ СУПЕРКУПОТ, ОТКАКО ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ СЕ РАДУВАШЕ НА ПРВЕНСТВОТО НА УНГАРИЈА
Видеотон на Мирко Ивановски загуби со 3:0 од Ференцварош во Суперкупот на Унгарија, во мечот со кој се отвори новата сезона во Унгарија.
Ференцварош поведе набрзина со 2:0 со головите на Лама и Варга, па тренерот на Видеотон го уфрли Ивановски во игра во 36 минута, но ниту тој не помогна шампионот да намали. Напротив, Ференецварош погоди уште еднаш преку Сомалиа во 89 минута за конечни 3:0.

Нема коментара:

Постави коментар