Powered By Blogger

29. 7. 2015.

Нападот ги загрижува пелистерци

ПРЕД ДЕНЕШНИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО ШТИП, ПЕЛИСТЕР СО ЕВИДЕНТНИ ПРОБЛЕМИ ВО НАПАДОТ
По четири недели подготовки, фудбалерите на Пелистер влегуваат во последната фаза пред стартот на Втората лига. Ги очекуваат уште три контролни натпревари, во кој тренерот Зоран Штерјовски ќе го искристализира тимот за дебито против Влазерими во Кичево. Најголем проблем му преставува неефикасноста.
Во четири контролни натпревари, во кои три играше со прволигашки екипи, Пелистер се соочи со видливи проблеми со реализацијата. Два постигнати гола во 360 минути, од кои еден од игра на Трифуновски против Младост Царев двор и еден од пенал на Ацески со Металург. Со оглед на тоа што Трифуновски се повреди и паузираше 10 дена, се поголеми се грижите дека на Пелистер му треба уште еден напаѓач. Во меѓувреме пристигна од САД, Алекс Вржовски, но се работи за млад фудбалер, кој за прв пат се соочува со македонскиот фудбал. Најверојатно битолчани ќе се обидат да донесат уште еден искусен гол играч, иако не е лесно таков да се најде на пазарот. Денес против Брегалница и в сабота со Тирана, зелените ќе имаат нови два силни теста за проверка на вредностите. Исто така клубот треба да одлучи каде ќе ги игра домашните натпревари, ако се знае дека за домашен терен ги пријави стадионите во Новаци и во Прилеп.  

Нема коментара:

Постави коментар