27.07.2015.

Тимов бира меѓу понудите во нашата лига или нов излет во странство

СТРУМИЧАНЕЦОТ ИМА НЕКОЛКУ ПОНУДИ НА СВОЈА АДРЕСА, НАСКОРО РЕШАВА ЗА СВОЈАТА ИДНИНА
23 годишниот Филип Тимов се наоѓа на нов крстопат каде ќе ја продолжи кариерата. Бившиот младински репрезентативец на Македонија, откако играше во пет шампионати, сега има понуди од неколку домашни и неколку странски екипи.
По периодот минат во ерменскиот Банантс, офанзивниот фудбалер за врска ги разгледува можностите да игра за некој македонски клуб, а веќе има 2-3 понуди од наши прволигаши, или кариерата да ја продолжи во Хрватска и Словенија од каде има голем интерес за него. Струмичанецот, кој кариерата ја почна во младинските категории на Беласица, претходно настапуваше за Копер (Словенија), Импулс Диљан и Банантс (Ерменија), Арис Лимасол (Кипар) и Конкордија (Романија). До крајот на преодниот рок има уште повеќе од еден месец, но многу веројатно на почетокот од август, Тимов ќе одбере каде ќе ја продолжи својата кариера. Тој за младата репрезентација на Македонија има 12 настапи и 2 постигнати гола. 

Нема коментара:

Постави коментар