Powered By Blogger

11. 7. 2015.

Шундовски: „Букурешт е мојот нов клуб„

ОФИЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕМИНОТ НА ШУНДОВСКИ НА КЛУПАТА НА ВИЦЕШАМПИОНОТ НА РОМАНИЈА, БУКУРЕШТ
Битолскиот ракометен тренер, Звонко Шундовски следната сезона ќе го води актуелниот вицепрвак на Романија, Букурешт.
„Досега беше шпекулација и нагаѓања, но сега можам да потврдам дека ќе бидам тренер на ЧСМ Букурешт. Во Романија сум веќе три години, се адаптирав, ја запознав лигата и со новиот клуб пак ќе се борам за освојување на шампионска титула. Букурешт е амбициозен проект, има многу добри ракометари во тимот,„ истакна Шундовски, кој ја напушта Констанца по две успешни сезони и освоени трофеи во романскиот ракомет. Исто така со оваа екипа стигна на фајнал-фор на ЕХФ Купот во Берлин минатата година. 

Нема коментара:

Постави коментар