Powered By Blogger

29. 7. 2015.

Цврсто и пак нерешено за новиот Пелистер на Зоран Штерјовски

ПО МНОГУ ЖЕШКО ВРЕМЕ, ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАЌА НЕПОРАЗЕН И ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО ШТИП
Брегалница - Пелистер 0:0

По повеќе од 10 дена без контролен натпревар по враќањето од струшките подготивки, фудбалерите на Пелистер одиграа контролен натпревар против прволигашот Брегалница од Штип. Мечот се одигра на градскиот стадион во Штип, кој деновиве ќе започне процес на реновирање и штипските сини во првенството ќе бидат домаќини во Кочани.
Брегалница под водство на Костов 19 поврзани натпревари меѓу првенството и пријателските мечеви не знае за пораз и таа серија продолжи и по пријателскиот меч игран денес по пеколната горештина во Штип. Петти пат по ред избраниците на Штерјовски играа нерешено, трет пат и без голови (0:0). Домаќините имаа само блага иницијатива, која не беше изразена со шанси. Кај пелистерци најблиску до гол беше Бурхан Мустафов со удар од дистанца. Голманот на Пелистер, Горан Пашовски со неколку интервенции во финишот го спаси тимот од пораз. Пелистер мечот го почна со: Пашовски, Петковски, Додевски, Степановски, Миленковски, Трпески, Тодоровски, Мустафов, Лампевски, Стојковски, Главевски. Во вториот дел уште играа: Недановски, Здравевски, Димитроски. В понеделник во Струга, Пелистер игра шести пријателски натпревар во предсезоната против Партизани. 

Нема коментара:

Постави коментар