Powered By Blogger

5. 7. 2015.

Борбено реми на соседите во Битола

СО ОДЛИЧЕН ТЕСТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ, ПЕЛИСТЕР И МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ЈА ЗАПОЧНАА СЕРИЈАТА НА ТЕСТОВИ
Пријателски меч:
Пелистер - Младост Царев двор 1:1 (0:0)

Терен со вештачка трева „Павел Шатев„ - Битола. Гледачи: 200
Главен судија: Никола Магловски
Асистенти: Златко Лозановски и Пеце Кичевски (сите од Битола)       
Стрелци: Трифуновски во 73 минута за Пелистер, а Илиоски во 48 минута за Младост Царве двор
Жолти картони: Лазаревски (Младост Царев двор)
Црвени картони: Симјановски во 68 минута (Младост Царев двор)

Пелистер:
Пашовски, Додевски, Степановски, Миленковски, Петковски, Тодоровски, Љамчевски, Ацески, Главевски, Трајковски, Стојковски
Уште играа: Атанасовски, Трифуновски, Лавуровски, Мирчевски, Трпчевски, Георгиевски, Крстески, Крклински, Атанасовски, Кузманов, Димитриоски

Младост Царев двор:
Коруновски, Н. Вељановски, Ѓорески, Ристевски, Мариќ, Елмазовски, Т. Вељановски, Каланоски, Куртевиќ, Јелиќ, Недељковиќ
Уште играа: Петровски, Николовски, Велевски, Илиоски, Крстаноски, Лазаревски, Симјановски
Во првиот контролен натпревар и за двете екипи, Пелистер и Младост Царев двор одиграа солиден и борбен натпревар, полн со шанси и со по еден гол во двете мрежи. Во првиот дел, се заканија Недељковиќ во 12 минута за ресенчани, па Антонио Стојковски со непрецизен лоб за битолчани. Во финишот на првиот дел по акцијата на Ацески, голема шанса имаше Главевски, но биеше над голот од 7-8 метри. Возврати Младост, преку србинот Мариќ, кој со глава во 45 минута биеше за малку крај дирекот на Пашовски. Вториот дел започна со скоро комплетно изменети состави и брзо водство за прволигашот. Во 48 минута, Ристе Илиоски од слободен удар биеше остро, топката мина низ живиот зид и го изненади младиот голман Атанасовски. Пелистер по примениот гол го засили темпото и создаде неколку зрели шанси. Во 67 минута по корнерот на Мирчевски, без топка беше фаулиран Трифуновски и судијата покажа на белата точка. Илче Петровски го прочита шутот на Тодоровски и го одбрани пеналот. Но растеше притисокот по голот на Младост Царев двор и во 73 минута по акцијата на Стојковски и додавањето во празно кон Трифуновски, овој го мина гостинскиот голман и ја втурна топката во празната мрежа. Неколку мешаници за водечки гол имаа битолчани, но остана 1:1. Младост наредниот пријателски меч го има во среда во Охрид со Шкупи, а Пелистер в четврток заминува на подготовки во Струга и вториот пријателски меч ќе го игра со Метачург в недела во Охрид.  

Нема коментара:

Постави коментар