Powered By Blogger

12. 7. 2015.

„Стево Патако„ за прв пат ќе игра во Купот на шампионите!

ГОЛЕМ ПОДВИГ НА БИТОЛСКИОТ ШАХОВСКИ КЛУБ КОЈ ЌЕ НАСТАПИ НА КУПОТ НА ШАМПИОНИТЕ ВО СКОПЈЕ ОВАА ЕСЕН
Бордот на Европската шаховска унија пред неколку месеци донесе одлука организатор на Европскиот клупски куп во шах во 2015 година да биде Скопје, поточно општината Карпош, а во техничка организација на ШК „Гамбит Асеко Сее„.
На ЕКК се очекува да настапат над 550 шахисти од 70 клуба, а Македонија ќе биде претставена со три екипи („Алкалоид„ „Гамбит Асеко Сее„ и „Стево Патако„ од Битола). За прв пат битолскиот шаховски клуб ќе игра Куп на шампиони. Во минатото во најсилниот европски Куп, Битола ја претставувале са ракометарите на Пелистер. Пред 4 неколку години Охрид беше домаќин на ЕКК, а во 2001 година во Охрид беше организирано и Второто Европско поединечно првенство. Скопје во далечната 1972 година беше домаќин и на јубилејната 20 Шаховска олимпијада за мажи и 5 за жени, која и до денес се смета за една од најдобро организираните во нејзината досегашна историја.

Нема коментара:

Постави коментар