Powered By Blogger

23. 7. 2015.

Поешево и Пелистер ги добија Куп противниците

ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА НАЈМАСОВНОТО МАКЕДОНСКО ФУДБАЛСКА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Пелистер и Поешево добија прифатливи противници во првото коло од Купот на Македонија. И покрај испаѓањето од најсилниот ранг на натперварување, Пелистер беше носител и ќе игра со 11 Октомври за пласман во осминафиналето. Се игра само еден натпревар на стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп, а ако нема победник во 90 минути, веднаш се пристапува кон изведување на пенали. Третолигашот Поешево на бившите репрезентативци Тони Мицевски и Горан Ставревски, го дочекува Гостивар и „кова„ стратегија како да се прескокне првата рунда.

Куп на Македонија - 1 коло

Поешево - Гостивар
11 Октомври - Пелистер
Кожув - Вардар
Фортуна - Работнички
Зајас - Шкендија
Еуромилк ГЛ - Ренова
Вулкан - Македонија ЃП
Превалец - Силекс
Лирија - Хоризонт Турново
Беласица - Скопје
Љубанци - Тетекс
Победа - Младост ЦД
Плачковица - Брегалница
Дрита - Влазрими
Малеш - Металург
Љуботен - Шкупи

Натпреварите се играат на 12 август од 17:30 часот

Нема коментара:

Постави коментар