Powered By Blogger

23. 7. 2015.

Вржовски потпиша професионален договор со Пелистер

АМЕРИКАНЕЦОТ КОЈ МИНАТАТА СЕЗОНА БЕШЕ НА ПРОБА СЕГА ПОТПИША ПРОФЕСИОНАЛЕН ДОГОВОР СО ПЕЛИСТЕР
Пелистер го доведе веројатно и последното засилување во своите редови ова лето. Битолчани го  ангажираа 21 годишниот напаѓач од САД, Алекс Вржовски. Тој е роден во САД и во својата кариера има настапувано за универзитетот Конкордија во Мичиген.
Тој вчера го потпиша првиот професионален договор во кариерата. Минатата сезона под водство на Бочевски, Вржовски мина неколку месеци на пробен период во Пелистер. Вржовски има македонски пасош и може да игра во Втората лига, каде немаат право на настап странски фудбалери.

Нема коментара:

Постави коментар