Powered By Blogger

3. 7. 2015.

ХЈС Работник на Данаон Купот во Грција

НОВО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО ЗА МЛАДИТЕ РАКОМЕТАРИ НА ХЈС РАБОТНИК
Трета година по ред битолскиот клуб ХЈС Работник ќе учествува на еден од најсилните ракометни турнири за млади категории во соседна Грција „Данаон Куп„.
Овој турнир кој своевремено се викаше „Диомидис Куп„ ќе ги соедини најдобрите грчки екипи, а од нашата земја ќе настапат само ХЈС Работник и Вардар. Во конкуренција на постари пионери родени 2000 година, ХЈС Работник ќе се најде во група со грчките екипи Филипос Верија и ОФНИ. „Ќе играме повторно на овој силен турнир од 6 до 11 јуни, а најголема придобивка е што младите ракометари во овој период ќе одиграат 8-10 меѓународни натпревари. Екипата е спремна за добар резултат, иако наша основна цел е да ги испробаат силите со противници, какви што не можеме да пронајдеме за да играме во нашата земја„ истакнуваат Иван Марковски и Александар Зарков, кои ќе ја водат екипата на „Данаон Купот„.

Нема коментара:

Постави коментар