Powered By Blogger

7. 7. 2015.

Tомче Петрески ќе го води својот матичен клуб

УШТЕ ЕДНО ПОЗНАТО ИМЕ ЌЕ СЕДНЕ НА КЛУПАТА НА РК ПРИЛЕП
Бившиот репрезентативец на Македонија, Томче Петрески од сезоната 2015/16 ќе го води својот прв клуб во кариерата, Прилеп.
Имено деновиве е постигнат договор помеѓу него и првите луѓе на Прилеп и тој ќе биде наследник на Боро Чурлевски, кој ја водеше екипата до својата прерана смрт. Претходната сезона на клупата на прилепчани ја заврши Ице Соколески, кој ќе соработува со Петрески и во новата сезона. Петрески пред нешто повеќе од еден месец ја освои двојната круна со косовската екипа Беса Фамилија, а кратко го водеше и Пелистер. Во играчката кариера започна во Прилеп, настапуваше за Пелистер, Пролетер, пред да замине за Франција и блесне цела една деценија. Со ангажирањето на Петрески, Прилеп јасно покажува амбиции за место во плеј-офот во новата сезона. Од играчкиот кадар кој ја заврши претходната сезона, Златко Мојсоски си замина од Прилеп и му пристапи на Работнички.

Нема коментара:

Постави коментар