Powered By Blogger

16. 7. 2015.

Стефановски започна со голман: Арсиќ од денес „зелено-бел„

ПО ДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕГОВОРИ, НОВИОТ РАКОВОДЕЧКИ ТИМ НА РК ПЕЛИСТЕР ГО ДОНЕСЕ ПРВОТО НОВО ИМЕ
Симболично, Стевче Стефановски кој своевремено беше успешен голман, првото засилување во Пелистер откако дојде на функцијата координатор во клубот, го донесе на голманската позиција. 26 годишниот србин Игор Арсиќ попладнево пристигна во Битола и го стави потписот на двегодишен договор со битолскиот суперлигаш.
Арсиќ е зрел голман со искуство во српската и регионалната СЕХА лига. До минатата сезона го бранеше голот на Раднички Крагујевац во регионалната лига. Претходно настапуваше за матичниот Пожаревац и за Напредак од Крушевац. „Среќен сум што се договоривме со луѓето од Пелистер и што доаѓам во овој голем клуб. Брзо се договоривме и едвај чекам да започнам со тренинзи и натпревари. Многу сум слушал за ракометна Битола и за навивачите и верувам дека сите заедно ќе им приредиме радости„ истакна Арсиќ. Стефановски кој го следел Арсиќ и минатата сезона, смета дека со потпишувањето на србинот, клубот заврши голема работа. „Се работи за голман кој ако се сеќавате бранеше многу добро против Металург во двата натпревари минатата сезона. Се работи за голман со квалитети и потенцијал. На добар пат сме да доведеме уште неколку засилувања во периодот кој што следи„ заклучи Стефановски.
По голмани од Франција и Црна Гора во последните неколку години, Пелистер ќе се потпре на српски голман. Во наредните неколку дена се очекува официјализација на уште две засилувања, на позициите лев бек и кружен напаѓач. 

Нема коментара:

Постави коментар