Powered By Blogger

3. 7. 2015.

В недела првиот тест, големи дилеми околу теренот за домаќинство

ПЕЛИСТЕР ПО 10 ДЕНА ТРЕНИНЗИ, В НЕДЕЛА ЌЕ ГО ИГРА ПРВИОТ ТЕСТ ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА 
В недела од 17 часот на теренот со вештачка трева „Павел Шатев„ во Битола, новиот Пелистер на Зоран Штерјовски ќе го има првиот контролен натпревар против новиот прволигаш, Младост Царев двор. Битолчани ќе можат да ги претстават засилувањата Додевски, Главевски, Ацевски и Димитроски и по 10 дена тренинзи следува првиот тест пред заминувањето во Струга на 12 дневни подготовки.
По повредите се вратија Степановски, Мирчевски, Крстевски, а во полн тренажен процес е и Јованчо Трајковски по операцијата на препони. Голема дилема за управата на клубот е каде ќе ги игра своите домашни натпревари во сезоната 2015/16 во Втората лига. Дури на пролет, според најголемите оптимисти, Пелистер ќе може да игра домашни мечеви под Тумбе кафе, а до тогаш ќе мора да пријави алтернативен терен. Остануваат три опции: теренот на третолигашот Новаци, стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп, каде Пелистер ја заврши минатата сезона и стадионот „Атина Бојаџи„ во Охрид. 

Нема коментара:

Постави коментар