Powered By Blogger

29. 7. 2015.

Пелистер го договори Борјан Маџовски

НА ПОВИДОК Е ЧЕТВРТО НОВО ИМЕ ВО БИТОЛСКИОТ СУПЕРЛИГАШ
Ракометарот на Металург јуниор, Борјан Маџовски само денови го делат од дресот на Пелистер. По неколку неделни преговори конечно сите детали се договорени и веројатно на почетокот од наредната недела и официјално младинскиот репрезентативец ќе стане ракометар на битолскиот суперлигаш.
Тој ќе биде четврто засилување во овој преоден рок за новиот Пелистер по Арсиќ, Топиќ и Митревски. Планот на пелистерци е да ја комплетираат екипата до првата прозивка закажана за 5 август. До тогаш треба да пристигнат уште 2,3 ракометари.

Нема коментара:

Постави коментар