Powered By Blogger

20. 7. 2015.

Пивотмен висок 204 сантиметри се договори со Пелистер

ПОЗНАТ ХРВАТСКИ ПИВОТМЕН ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ ЗЕЛЕНИОТ ДРЕС
Петар Топиќ се наоѓа пред потпис со битолски Пелистер. Недостига само целосна докуменатција, а личните услови со ракометарот се веќе договорени. Во текот на неделата се очекува негово доаѓање во Битола на потпис на договорот, кој клубот од под Пелистер, инсистира да биде на две години.
24 годишниот кружен напаѓач е висок 204 сантиметри и по настапот во Металург, се враќа во Македонија. Пелистер беше заинтересиран и за  Нешовановиќ, но тој потпиша за францускиот Гренобл. Освен Топиќ, Пелистер ќе ангажира уште еден странец и три домашни ракометари.

Нема коментара:

Постави коментар