Powered By Blogger

13. 7. 2015.

Ацески стрелец, Пелистер подобар од Металург, реми во вториот тест

РЕМИ И ВО ВТОРИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ СО ПРВОЛИГАШ ЗА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ
Пелистер - Металург 1:1 (1:0)

Во вториот пријателски натпревар во подготовките за новата сезона, Пелистер пак одигра 1:1, овој пат против Металург во Охрид. Битолчани поведоа со голот на Нове Ацески од пенал кој го изнуди младиот Недановски во 45 минута, а скопјани израмнија преку Додовски во 67 минута.
Пелистер остави подобар впечаток против младата и полетната екипа на Металург, која од оваа сезона ја води Герасимовски. Битолчани мечот го почнаа во следниот состав: Пашовски, Петковски, Додевски, Степановски, Миленковски, Љамчевски, Мирчевски, Ацески, Недановски, Стојковски, Главевски. Во вториот дел шанса добија: Атанасовски, Трајковски, Крстески, Димитриоски, Трифуновски, Лампевски, Тодоровски, Здравевски. Во последните 18 минути шанса доби и младиот Бобан Здравевски кој дебитираше на неполни 16 години, играјќи како најистурен напаѓач. Следниот контролен натпревар екипата на Штерјовски и Капинковски, ќе го игра в среда на 15 јули против Еуромилк на стадионот „Биљанини извори„ во Охрид. 

Нема коментара:

Постави коментар