Powered By Blogger

30. 9. 2012.

Струмичани прелесно до целиот плен

ТРЕТ МЕЧ И СО ТРЕТ ПОРАЗ ВО СУПЕР ЛИГАТА ЗА МЛАДИОТ ТИМ НА ПЕТКО БОСЕОВСКИ
Битола - Зомимак М 25:42 (12:24)

Спортска сала Младост  - „Битола„ Гледачи: 300
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелоски (Прилеп)
Делегат: Бранко Вељанов (Неготино)

Битола:
Н. Ѓорѓиевски (11 одбрани), Петковски (7 обрани), Мојановски 2,  В. Петковски, Јаневски, Т.Ѓорѓоевски 7, Бојчевски 1, Босеовски 3, Талевски, Митревски , Најдовски 1, А. Петковски,  Трајковски 5, Мојсов 6

Исклучувања: 8 минути
Седмерци: 2/1

Зомимак М:
Стојановски (19 одбрани), Ристов (2 одбрани), Василев, Пандев, Пецаковски 8, Лазаров 2, Г. Митев 4, Тренчевски 2, С. Митев, Милосављевиќ 6, Колев, Шалевски 1, Стојанов 3, Соколов 3, Чантурија 7, Везенковски 6

Исклучувања: 10 минути
Седмерци: 9/8

Во едноличен натпревар во кој од првата до последната минута доминираа гостите од Струмица, новиот суперлигаш Зомимак М стигна до убедлив триумф сред Битола. Шалевски го отвори резултатот, но веднаш се повреди и за него натпреварот веднаш беше завршен. Тројцата бивши ракометари на Пелистер: Пецаковски, Чантиурија и Везенковски беа посебно мотивирани пред малкубројната битолска публика. Кога во 9 минута со голот на Пецаковски, струмичани поведоа со 1:6, јасно беше дека Битола нема шанси да се носи со посилниот противник. Добро селектираната екипа на Зомимак М, играше многу организирано во одбраната и со лесни голови ја полнеше мрежата на Ѓорѓиевски и Петковски. Во 18 минута првата двоцифрена предност ја донесе Милосављевиќ (5.15). Вториот дел беше само формалност и со убедливи 17 разлика, Зомимак М му го нанесе третиот пораз во исто толку средби на РК Битола. Уште една опомена за младата битолска екипа. дека шансите за бодови оваа сезона можат да ја бараат во мечевите со Преспа или Текстилец. 

Металург Јуниор - Пелистер 24:33

Со брилијантно второ полувреме, ракометарите на Пелистер ја забележаа втората победа во третиот натпревар во Суперлигата. По лошиот прв дел во кој предноста на битолчани беше само минимална, во продолжението дефинитивен удар на момците на Поповски. Васко Димитровски, Чурлевски, Митревски и другарите се одлепија до дефинитивна победа. По ремито со Куманово, важни бодови за враќање на самодовербата на младата екипа од Битола.    

Нема коментара:

Постави коментар