Powered By Blogger

22. 8. 2015.

Лошата реализација на Пелистер му носи само бод против Гостивар

НОВА ПРОПУШТЕНА ШАНСА И САМО РЕМИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ПРВИОТ ДОМАШЕН МЕЧ ВО НОВАТА СЕЗОНА
Втора фудбалска лига - 2 - коло
Пелистер - Гостивар 1:1 (0:1)

Градски стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Симеон Стевков
Асистенти: Саше Тошевски и Горан Милошевски (сите од Скопје)
Делегат: Благоја Петров (Велес)
Стрелци: Главевски во 78 минута за Пелистер, Мифтари во 15 минута за Гостивар
Жолти картони: Главевски, Недановски, Петковски, Пашовски (Пелистер), Иљази (Гостивар)
Црвени картони: Петковски (Пелистер) во 85 минута

Пелистер:
Пашовски, Тодоровски (од 48м. Трифуновски), Додевски, Главевски, Миленковски, Ацески, Стојковски, Степановски, Недановски (од 61м. Лампевски), Петковски, Љамчевски (од 76м. Трпески)

Гостивар:
Јашар, Рамадани, Димов, Менга, Билбилоски, Хасан, Белули, Неби, Мифтари (од 60м. Нуриши), Иљази (од 46м. Абази), Мерџани

Фудбалерите на Пелистер одиграа нерешено 1:1 и во вториот натпревар од новата сезона во Втората фудбалска лига. Против Гостивар на стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп, момците на Штерјовски се изнапромашуваа и самите се виновни што не го добија натпреварот во кој креираа многу повеќе од противникот. По само 15 минути игра по едно големо невнимание на одбраната на домаќините по корнерот на Иљази, Мифтари се придодаде и го матира Пашовски. Зелените останаа вознемирени, но по само 10-15 минути целосно ја превзедоа иницијативата и пред се преку напаѓачот Благојче Глалевски и преку прилепчанецот Ацески имаа серија на шанса за постигнување на израмнувачки гол. Но лошата реализација на битолчани и голманот Јашар, кој имаше неколку интервенции беа виновни што на одмор се замина со минимално водство на Гостивар. На почетокот од вториот дел домашниот стручен штаб го внесе Трифуновски и Пелистер нападна со двајца класични напаѓачи. Неверојатни беа промашувањата на Главевски и Љамчевски во централната фаза на вториот дел. Влегувањето на Лампевски донесе пробив по страничните позиции, каде зелените најчесто напаѓаа. Конечно големата иницијатива на пелистерци, вроди со плод во 78 минута, кога Глалевски постави нога по центаршутот на Миле Петковски и во вистински момент ја втурна топката во мрежата на гостите (1:1). И кога се очекуваше завршниот налет на битолчани, Петковски заработи втор жолт картон и на 5 минути до крајот, Пелистер остана со човек помалку. И покрај 8-9 минути со обид да се стигне до втор гол, Пелистер не успеа да освои повеќе од еден бод и со помалку од 50% учинок во првите две кола го очекува пелагониското дерби. И комшијата Победа има два нерешени дуели, по ремито на домашен терен со Тетекс и на гостувањето во Автокоманда со Скопје.  

Нема коментара:

Постави коментар