Powered By Blogger

25. 8. 2015.

Милевски го обелодени списокот, повикан и Мустафов за мечевите со Украина и Австралија

НЕКОЛКУ НОВАЈЛИИ НА СПИСОКОТ НА МИЛЕВСКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАДЕЖИ
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски повика 23- фудбалери за престојните две средби на оваа селекција, квалификацискиот со Украина и пријателскиот со Австралија.
Македонската репрезентација, квалификациите за пласман на ЕП ги започнаа со пораз 3:0 на Исланд. Покрај овие две репрезентации, во Групата 3 се наоѓаат Франција, Северна Ирска, Шкотска и Украина која е следен противник на македонските млади фудбалери.

Голмани: 
Дени Илиев (Арсенал), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дамјан Шишковски (Работнички)

Одбрана: 
Ѓоко Зајков (Рен), Дарко Велковски (Вардар), Филип Ристовски (Метаург), Бесир Демири (Шкендија), Висар Муслиу (Ренова), Мевљан Мурати (Шкупи), Филип Петрески (Мелбурн), Леон Најдовски (Работнички)

Среден ред: 
Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт), Давид Бабунски (Барселона Б), Бурхан Мустафов (Пелистер), Даниел Аврамовски (ОФК Београд), Никола Кулески (ФК Сиднеј)

Напад: 
Марјан Радески (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Христијан Денковски (Гронинген), Демир Имери (Хоризонт Турново), Виктор Ангелов (Металург), Ваљмир Нафиу (Апоел).

Нема коментара:

Постави коментар