Powered By Blogger

30. 8. 2015.

Охрид победник на турнирот, Пелистер втор, а Дрогришки нај-стрелец

СО ТРИ ПОБЕДИ, ОХРИД УБЕДЛИВО НАЈДОБАР НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ НЕШКОСКИ„ ВО ПРИЛЕП
Охрид е победник на првиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски„  во Прилеп.  Охриѓани имаа три победи на три меча, а Пелистер е второпласиран и покрај поразот од Прилеп во третото коло.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Јосип Кежиќ од Охрид, најдобар голман е Милош Раичиќ од Прилеп, додека капитенот на Пелистер, Стефан Дрогришки е прв стрелец со дури 33 гола на три меча.

3 - коло

Охрид - Радовиш 26:23 (14:13)
Прилеп - Пелистер 21:17 (10:10)

Конечен пласман

1. Охрид 9 (78-60)
2. Пелистер 3 (62-62)
3. Прилеп 3 (74-76)
4. Радовиш 3 (71-77)

Нема коментара:

Постави коментар