Powered By Blogger

6. 8. 2015.

И Албанскиот Лачи подобар од битолчани, кои не славеа на ниту еден контролен меч

НИТУ ВО МЕЧОТ СО АЛБАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ ЛАЧИ, ПЕЛИСТЕР НЕ СЕ РАДУВАШЕ 
Пелистер - Лачи 0:2 (0:1)

Во Охрид против Албанскиот прволигаш Лачи, Пелистер на Зоран Штерјовски го имаше последниот седми контролен во подготвителниот период. И по овој меч, зелените немаат победа и со пет нерешени натпревари и два порази го завршија овој период на брусење на формата.
Албанскиот лачи попладнево беше подобар ривал и славеше со 0:2 на помошниот терен во Охрид. Се играше 29 година кога нигериецот Аденији со гол од далечина го отвори резултатот во полза на албанскиот тим воден од Армандо Чунгу. Во 64 минута Доку од тежок агол со прецизна дијагонала ја погоди целта и Лачи зголеми на 0:2. Пелистер мечот го почна во следниот состав: Атанасовски, Лампевски, Додевски, Степановски, Јоциќ, Мустафов, Љамчевски, Ацески, Стојковски, Миленковски, Вржовски. Уште играа: Петковски, Крстески, Главевски, Недановски, Лавуровски, Трпески, Димитриоски. По серијата на контроли, фудбалерите на битолскиот второлигаш сега се концентрираат на стартот на сезоната и Куп мечот со 11 Октомври наредниот четврток во Прилеп.

Нема коментара:

Постави коментар