Powered By Blogger

17. 8. 2015.

Исмаили ја спречи првата второлигашка радост на пелистерци

СЕКУНДИ ГО ДЕЛЕА ПЕЛИСТЕР ОД ПОБЕДА НА СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА
Втора фудбалска лига - 10 коло
Влазерими - Пелистер 1:1 (0:0)

Во последниот натпревар од првото коло на Втората фудбалска лига, Влазерими и Пелистер играа нерешено 1:1. Минатогодишниот прволигаш, на чие чело како тренер во официјален меч дебитираше новиот тренер Зоран Штерјовски, иако имаше водство се до 90 минута не успеа победнички да тргне во сезоната.
Пелистер преку Бурхан Мустафов, кој погоди во 77 минута го отвори резултатот во своја полза, за на самиот истек од регуларното време, во 90 минута Влазерими преку Влориан Исмаили да израмни на 1:1. Во второто коло Пелистер игра на домашен терен против Гостивар. 

Нема коментара:

Постави коментар