Powered By Blogger

11. 8. 2015.

Пелистер ги официјализира трите засилувања од Металург

СО ТРИ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ КОИ ДОЈДОА ОД МЕТАЛУРГ, РК ПЕЛИСТЕР ГО ЗАВРШИ ПРЕОДНИОТ РОК
Од канцеларијата на РК Пелистер стигна потврда дека тројцата млади ракометари кои до минатата сезона настапуваа за Металург, Маџовски, Маркудов и Даниловски од денес се нови членови на Пелистер.
Тројцата ракометари добија двегодишни договори, што е практика на новото раководство на клубот. Во спротивен правец, Пелистер го напушти и се пресели во Металург, младинскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Претходно зелениот дрес го облекоа Топиќ, Арсиќ и Митревски, а Богдан Николиќ го продолжи договорот. Утре од 12 часот во клубските простории ќе бидат официнално претставени Борјан Маџовски, Андреј Маркудов и Никола Даниловски.

Нема коментара:

Постави коментар