Powered By Blogger

3. 8. 2015.

Пелистер во стативата, Партизани во мрежата

ПРВ ПОРАЗ НА БИТОЛСКИОТ ВТОРОЛИГАШ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА
Пелистер - Партизани 0:1 (0:0)

На стадионот на Караорман во Струга, фудбалерите на Пелистер го одиграа шестиот контролен натпревар, овој пат против албанскиот прволигаш Партизани. За разлика од претходните мечеви кои се играа на многу топло време, овој пат летниот дожд и ветер значително им помогна на фудбалерите да играат по посвежо време.
Пелистер го претрпе првиот гол, откако екипата на Партизани со голот на Азион Даја во 55 минута поведе и го приведе мечот кон крај (0:1). Голот беше помалку среќен, откако ударот на фудбалерот за врска на Партизани погоди некого од дефанзивците на Пелистер и го изненади Пашовски. Тренерот Зоран Штерјовски мечот го почна со Пашовски, Лампевски, Додовски, Степановски, Петковски, Љамчевски, Мустафов, Стојковски, Недановски, Вржовски, Главевски. Во вториот дел во игра влегоа Димитриоски, Крстески, Ацески, Здравески, Кузманов, Јоциќ, Лавуровски. Заради повреда не настапија Миленковски, Трифуновски, Тодоровски и Трајковски. Зелените најблиску до гол беа во 65 минута, кога Недановски ја погоди стативата од голот на Партизани. Албанците делуваа поискусно и заслужено славеа. Пелистер по серијата на нерешени резултати, за прв пат загуби во предсезоната, но главно загрижува проблемот во нападот и недостатокот на гол.   

Нема коментара:

Постави коментар