Powered By Blogger

6. 8. 2015.

Албанскиот Лачи, последен тест за новиот Пелистер

БИТОЛСКИОТ ВТОРОЛИГАШ ДЕНЕС ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР 
Денес против албанскиот прволигаш Лачи во Охрид, битолски Пелистер ќе го одигра последниот контролен натпревар пред стартот на официјалните натпревари во Втората лига и дебито во Кичево против Влазерими.
Штерјовски има за цел да ги опорави повредените Тодоровски, Трифуновски и Миленковски, а сигурно за почетокот на шампионатот нема да биде спремен Јованчо Трајковски. Зелените си поставија за цел да играат со посилни тимови, главно прволигаши, ова лето за да се искристализира тимот и да се јакне духот на младата екипа. Видливи се проблемите со ефикасноста и реализацијата, иако одбраната ветува дека нема лесно да се тресе битолската мрежа. Со оглед на тоа што во двете сезони во кои Пелистер во својата историја играл во Втората лига, секогаш како првопласиран минувал низ целта, пелистерци и овој пат можат да се потпрат на традицијата. Сепак податокот дека екипата е многу млада, дека момците на Штерјовски нема да играат на стадионот под Тумбе кафе, туку најверојатно во Прилеп, алудира на предпазливост. 

Нема коментара:

Постави коментар