Powered By Blogger

29. 8. 2015.

Дрогришки фантастичен, Пелистер подобар од Радовиш

ПОБЕДА И НОВ ФАНТАСТИЧЕН НАСТАП НА КАПИТЕНОТ ДРОГРИШКИ НА ТУРНИРОТ ВО ПРИЛЕП
Ракометарите на Пелистер, носени на крилата на својот капитен, Стефан Дрогришки, забележаа победа против Радовиш во второто коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„ во Прилеп.
Со 15 гола, битолчанецот беше централна фигура на мечот и потврди дека 12 гола од првиот меч со Охрид не биле случајност. Охриѓани се многу блиску до титулата на турнирот, откако единствени имаат две победи. Против домаќинот Прилеп славеа со 27:30, откако водеа во текот на целиот меч. Утре изутрина се играат мечевите од третото последно коло.

2 - коло
Пелистер - Радовиш 25:19 (12:11)
Дрогришки 15 - Блажевски 6
Прилеп - Охрид 27:30 (16:16)

Недела - 30.08.2015
11:00 - Охрид - Радовиш
13:00 - Прилеп - Пелистер

Нема коментара:

Постави коментар