21.08.2015.

Друловиќ повика тројца битолчани за мечевите со Луксембург и Шпанија

ОЧЕКУВАН ИЗБОР НА СЕЛЕКТОР НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ДРУЛОВИЌ ЗА МЕЧЕВИТЕ НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ, го соопшти списокот на играчи за квалификациските натпревари кои националниот тим ќе ги одигра против Луксембург и Шпанија. Н
а списокот на Друловиќ има тројца дебитанти, двајца од Работнички Горан Силјановски и Милован Петровиќ и бекот на Нови Пазар Стефан Ашковски. Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 31 август, за Луксембург фудбалерите ќе заминат на 4 септември, по натпреварот кој е закажан за 5 септември фудбалерите се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготвките за мечот со Шпанија кој ќе се одигра на 8 септември.

Голмани: 
Томе Пачовски (Вардар), Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија)

Одбрана:
Даниел Мојсов (Аданаспор, Турција), Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Кире Ристевски (Работнички), Владимир Димитровски (Керкира, Грција), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Горан Силјановски (Работнички), Стефан Ашковски (Нови Пазар, Србија), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Езгијан Алијоски (Шафхаузен, Швајцарија)

Среден ред: 
Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Милован Петровиќ (Работнички)Никола Глигоров (Вардар), Ферхан Хасани (Шкендија), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Муарем Муарем (Ескишехиспор, Турција), Агим Ибраими (Марибор, Словенија)

Напад:
Мирко Ивановски (Видеотон, Унгарија), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија). 

Нема коментара:

Постави коментар