Powered By Blogger

26. 8. 2015.

Јовановски од Пелистер мина во ХЈС Работник

НОВО СУПЕРЛИГАШКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ХЈС РАБОТНИК
Младиот 21 годишен голман, кој е производ на школата на Пелистер, Мартин Јовановски, од денес е нов член на членот на Првата лига, ХЈС Работник од Битола.
Откако во ростерот на Пелистер беше прекуброен со доаѓањата на Арсиќ и Даниловски, талентираниот Јовановски беше ослободен од обврските од суперлигашот и како слободен ракометар потпиша на две години со ХЈС Работник. Минатата сезона Мартин Јовановски беше стандарден меѓу стативите на мечевите од домашниот шампионат и двата европски натпревари од Челинџ Купот против Дукла од Прага. ХЈС Работник ја продолжува својата стратегија да потпишува млади и приоритетно битолски ракометари, па сега во ростерот има голем број момчиња со искуство од Суперлигата. Со така конструирана екипа, тимот кој го водат Марковски и Зарков ќе биде еден од фаворитите за промоција во најсилната ракометна категорија во нашата земја. 

Нема коментара:

Постави коментар