Powered By Blogger

22. 8. 2015.

Победи во тест мечеви за Пелистер и Струмица, во вторник нивни меѓусебен дуел

ОДИГРАН ПРВИОТ МЕЧ ВО ПОДГОТОВКИТЕ НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Во првиот контролен меч во подготвителниот период, новиот Пелистер го совлада соседот Прилеп со 25:21 (10:13) во спортската сала „Младост„ во Битола. Момците на Николовски одиграа многу подобро второ полувреме во кое пред се во одбраната, битолскиот суперлигаш делуваше поорганизирано и дојде до победата.
Се истакнаа двајцата голмани, а кај битолчани се појавија и сите осум новајлии, меѓу нив и младото велешко крило Мартин Гулов. На новиот отворен ракометен терен при СОУ„Коста Сусинов“ во Радовиш се одигра ревијалниот натпревар помеѓу домашниот Радовиш и Макс Струмица. „Рисовите„ на Марјан Андонов со убедлива разлика го совладаа својот противник. На полувремето резултатот 14:19 во полза на струмичани, а натпреварот заврши со краен резултат 29:36 и убедлива победа на вицешампионот. Макс Струмица и Пелистер во вторник во Струмица ќе одиграа нов пријателски тест натпревар. 

Нема коментара:

Постави коментар