Powered By Blogger

31. 8. 2015.

Самоков ја виде мајсторијата на Христијан Илиоски

ДОМИНАНТНИ ВОЗЕЊА И ПОБЕДА И ВО САМОКОВ НА ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ
Христијан Илиоски беше нашиот најуспешен натпреварувач на петтата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, која викендов се оддржа на патеката Самоков во Бугарија.
Кико како подготовка пред трката во Бугарија настапи на првата трка за 2015 која се возеше во Куманово, од каде директно замина за Самоков. По победата во Македонија, следуваше победа и на Гранд При Бугарија, каде Илиоски беше доминантен во двете трки. Битолчанецот едноставно немаше конкуренција, иако во моментов се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман зад Бугаринот Тодор Тотев. Илиоски не настапи на првата рунда од шампионатот заради немањето мотоцикл, а драгоцените бодови кои ги загуби тогаш сега се одразуваат на неговиот пласман па така тој заостанува 38 бодови зад Тотев.

Нема коментара:

Постави коментар