Powered By Blogger

29. 8. 2015.

Пелагониското дерби ги мотивира пелистерци

ПО ГОДИНИ НА ПОСТО, ПОВТОРНО ОФИЦИЈАЛНО ВРАЌАЊЕ НА ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ ВО МАК-ФУДБАЛОТ 
По подолг временски период во кој се избегнуваа заради настапи во различни категории, Победа и Пелистер ќе се соочат во меч за бодови. Со подеднаков број на бодови и во потрага по првата второлигашка победа, двете екипи едвај го чекаат неделниот натпревар и заради најавата за голема посета на трибините и тоа и во двата града, и од Прилеп и од Битола.
Двете екипи планираа предсезонски контролен меч на теренот кој им е домашен на двете екипи оваа сезона, но заради средбата уште во третото коло, тој тест меч беше одложен. Битолчани имаат многу проблеми со составувањето на тимот, пред се заради ударот во зглобот на Филип Миленковски и стомачните болки на младинскиот репрезентативец Бурхан Мустафов. Но веројатно и двајцата ќе бидат подготвени за мечот од третото коло. Зелените мака мачат со реализацијата, но пак ќе се потпрат на Благојче Главевски, кој против Гостивар го „скрши малерот„ и ја погоди противничката мрежа. „Подготвени сме и веруваме дека вакви мечеви им требаат на македонскиот фудбал. Сите ќе дадеме и повеќе од нашите сили, пред амбиент како знаат да создадат навивачите на двата пелагониски ривали. Ние минуваме нормална тренажна недела и верувам дека она што го работиме на тренинзи, ќе го пресликаме на теренот. Имам голем респект кон Победа, како тим со огромно педигре во мак-фудбалот, но и многу солиден играчки кадар. Верувам дека ќе решаваат нијанси на овој натпревар„ ни рече Миле Петковски, еден од поискусните пелистерци. Тренерот на битолчани нема намера да менува многу стартери од мечот со Гостивар и веројатно 10 фудбалери кои го почнаа тој меч, ќе играат и во пелагониското дерби.

Нема коментара:

Постави коментар