Powered By Blogger

18. 8. 2015.

Станојевиќ е прескап, Пелистер го тестира Граб

ПЕЛИСТЕР СЕ КОНЦЕНТРИРА НА БОСАНЕЦОТ ГРАБ ОТКАКО ПРОПАДНА ТРАНСФЕРОТ НА СТАНОЈЕВИЌ
Пелистер не пронајде заеднички јазик со српскиот интернационалец Станојевиќ, па сега ќе го тестира интернационалецот од БиХ, Марио Граб. Тој е искусен ракометар кој што игра на позицијата десен бек.
Граб настапуваше за Босна и Козара, а сега е слободен ракометар. Тој треба да одработи неколку тренинзи и веројатно ќе одигра тест натпревар за неколку дена. До сега Пелистер со новата амбициозна управа доведе шест нови имиња: Игор Арсиќ,  Петар Топиќ, Кире Митревски, Никола  Даниловски, Андреј Маркудов и Борјан Маџовски. Со доведувањето на десен бек ќе се заокружи реновирањето на играчкиот кадар.

Нема коментара:

Постави коментар