Powered By Blogger

22. 8. 2015.

Пелагониско дерби на стартот во Суперлигата, пелистерки почнуваат исто како лани

ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА РАКОМЕТНА СЕЗОНА ВО МАШКА И ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Денес во Скопје утврден е календарот за новата ракометна сезона која и во машка и во женска конкуренција ќе почне 19 септември. Новина е што женските суперлигаши нема да плаќаат котизација, што значително им ја олеснува работата и не го оптоварува нивниот буџет.
Ракометарите на Пелистер ќе дебитираат во Прилеп против пелагонискиот сосед, а ЖРК Пелистер првиот меч во играат на домашен терен против Ѓорче Петров од Скопје. Специфично е што и минатата година девојките на Борче Марковски во првото коло играа со истиот ривал.

ВИП Супер лига
Борец - Металург 2
Прилеп - Пелистер
Пролет - Радовиш
Вардар јуниор - Металург
Работнички - Охрид

Женска Супер лига
Металург - Овче Поле
Пелистер - Ѓорче Петров
Кичево - Вардар јуниор

Жито Прилеп - Куманово

Нема коментара:

Постави коментар