Powered By Blogger

26. 8. 2015.

Струмичани пресилни за новиот Пелистер

ЗАРАДИ ФИЗИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ КОЈА СТРУМИЧАНИ ЈА ТЕМПИРАА ЗА СЕХА ЛИГАТА, ВИЦЕШАМПИОНОТ ГО ДОБИ ТЕСТОТ СО ПЕЛИСТЕР
Макс Струмица - Пелистер 23:17(12:8)

Македонскиот вицешампион Мак Струмица синоќа на домашен терен го совлада Пелистер со 23:17 (12:8). Иако во почетната фаза од мечот Пелистер водеше со +4, сепак квалитетот на момците на Андонов дојде до израз и Макс
Струмица дојде до значајна победа пред стартот на СЕХА лигата веќе овојв викенд. Струмичани покажаа дека нивното ниво на подготовки е над останатите членови на македонската Суперлига и ова е втора истоветна победа по онаа пред три дена во Радовиш. За Пелистер настапија сите засилувања Топиќ, Маркудов, Даниловски, Борјан Маџовски, Арсиќ, Митревски и Граб. Наредните пријателски мечеви пелистерци ќе ги одиграат на меморијалниот турнир „Миле Нешковски„ во Прилеп од 28 до 30 август во Прилеп.  

Нема коментара:

Постави коментар