Powered By Blogger

27. 8. 2015.

Пелистер и во Втора лига „грми„ по судиите!

СИМЕОН СТЕВКОВ НЕ ОСТАВИ ДОБРИ СПОМЕНИ КАЈ ПЕЛИСТЕРЦИ ПО МЕЧОТ СО ГОСТИВАР ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА
Судиските одлуки беа трн в око за битолски Пелистер минатата сезона, кога Пелистер по трет пат испадна од Првата фудбалска лига. Но и во второто натпреварување по квалитет во нашиот фудбал, пелистерци имаат сериозни протести на адреса на делителите на правдата.
Ниту Александар Влахо не им беше по терк во првото коло во Кичево против Влазерими, но посебно критики имаат на адреса на Симеон Стевков на мечот во Прилеп со Гостивар. Тие протестираат за 2-3 спорни ситуации во казнениот простор на Гостивар, по кои главниот судија не покажа на белата точка. Фотографиите оставаат многу дилеми околу исправноста на одлуките. В сабота Пелистер му гостува на Победа на стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп.


Нема коментара:

Постави коментар