Powered By Blogger

12. 8. 2015.

Нов бран засилувања и речиси формиран новиот Пелистер

ТРИ НОВАЈЛИИ И ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ПОСИЛЕН ПЕЛИСТЕР ВО НОВАТА СЕЗОНА
На денешната средба со новинарите, РК Пелистер ги претстави тројцата нови ракометари кои пристигнаа од Металург: Даниловски, Маркудов и Маџовски и сите тие искажаа огромен ентузијазам што доаѓаат во голем клуб.
„Доаѓам во голем клуб и со нетрпение чекам да започнат натптеварите. Одлично сме примени и и благодарност до управата, тренерот и соиграчите. Костурот на екипата е млада екипа и перспективата е пред нас. Верувам дека добро ќе се подготвиме за главната цел која е место во плеј-офот, а зошто да не и излез во Европа„ изјави Борјан Маџовски. Битолчани ги обновија договорите и со Илиевски и Николиќ и тимот зановата сезона е речиси формиран. „Јас во Пелистер и во Битола се чувствувам како дома, па така беше и минатата година, така е и сега. Огромна е разликата во тимот и организацијата од минатата сезона до оваа и верувам дека сите заедно сме на правиот пат„ истакна Богдан Николиќ, кој втора сезона ќе го носи зелениот дрес, откако се врати од Романија. „Повеќе години сум во клубот и овие потези на почетокот од новата сезона се за поздравување. До овој момент се тече беспрекорно, формираме млада екипа и верувам дека добро ќе се подготвиме„ рече еден од поискусните во екипата, Игор Илиевски. До крајот на преодниот рок, Пелистер ќе донесе уште еден десен бек, а најверојатно и тој ќе биде странско засилување.

Нема коментара:

Постави коментар