Powered By Blogger

13. 8. 2015.

Пелистер убедливо во осминафиналето на Купот

ПОЗИТИВЕН СТАРТ ЗА МОМЦИТЕ НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ КУП
Фудбалерите на Пелистер без проблем се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија по убедливата победа над третолигашот 11 Октомври со 0:8 (0:3).

Куп на Македонија - Прво коло
11 Октомври - Пелистер 0:8 (0:3)


Градски стадион ’’Гоце Делчев’’ - Прилеп. Гледачи 300.
Главен судија: Тоше Ицев
Асистенти:  Горан Димитров и Драган Трпчески (сите од Кавадарци)
Делегат Лазар Ракиџиев (Велес)
Стрелци: Ацески 4, 37, Главевски 17, 53, 67, Миленковски 46, Мустафов 55, Љамчевски 64 за Пелистер
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

11 Октомври:
Краљевски (од 56м. Настески), Стојковски, Зероски, Кукески (од 46м. Темелков), Јанкулоски, Митрески (од 6. Пурчески), Јованоски, Тренески, Ачкоски, Јанкоски, Никовиќ.

Пелистер:
Пашовски, Петковски, Додевски, Степановски, Јоциќ, Мустафов (од 56м. Неданоски), Љамчевски, Ацески (од 46м. Трпески), Стојковски, Главевски (од 75м. Врзовски), Миленковски.

Дека гостите се апсолутни фаворити се знаеше пред почетокот на мечот, а дека тие се расположени за многу голови се виде уште во 4 минута, кога при првата акција, на одбиена топка со волеј шутираше Ацески и ударот од околу 20 метри заврши во небранетиот агол за 0:1. Истиот играч подоцна погоди и под пречката, а во натпревар кој да биде повеќекратен стрелец со хет-трик победи Главевски. Тој прво даде гол со глава, потоа со нога од далечина, а на крајот го постави конечниот резултат 0:8 од пенал. За третолигашот ова беше прв летен натпревар и разбирливо што не можеше да го даде максимумот.

Нема коментара:

Постави коментар