23.02.2015.

Хаџиевски: „Пелистер ќе биде подготвен за в недела и мечот со Брегалница„

ТРЕНЕРОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ЈА ТЕМПИРА ФОРМАТА ЗА БИТОЛЧАНИ В НЕДЕЛА ДА БИДАТ МАКСИМАЛНО ПОДГОТВЕНИ
Во првиот домашен тест по враќањето од Анталија, фудбалерите на Пелистер загубија од Влазрими на чија што клупа седи Драган Бочевски, кој до јуни минатата година го водеше Пелистер. Сепак тренерот на зелените Ѓоко Хаџиевски не е премногу загрижен бидејќи знае дека на една недела до пролетниот старт мора да го штеди тимот и превентивно да внимава да не загуби уште некој фудбалер заради повреда:
„Во Турција работевме одлично и игравме тест мечеви со силни и искусни екипи. Генералната проба за пролетниот старт не беше успешна, барем не резултатски, но во овој момент мора да калкулираме со тимот, бидејќи имаме многу повредени фудбалери и не смееме да загубиме уште некој за првите натпревари. Против Влазрими настапи екипа која никогаш не играла и веројатно нема да игра заедно и во иднина. Се надевам дека полека ќе ги оспособиме повредените фудбалери. Ние се подготвуваме да играме против Вардар, Шкендија, Работнички, Металург и верувам дека сме на правиот пат. Имаме многу млади фудбалери, голем број дебитанти и за нив ова е големо искуство. Верувам дека веќе со Победа ќе видиме напредок во играта. За в недела ќе бидеме подготвени„ истакна тренерот Хаџиевски. Утре од 14 часот на стадионот со вештачка трева „Павел Шатев„ Пелистер ќе игра со својот комшија Победа и тоа ќе биде последниот осми пријателски натпревар оваа зима. Тренерот Хаџиевски има на ум повторно да комбинира со тимот и да извади многу млад состав. Во меѓувреме добро се развива опоравувањето на Станоевиќ, Степановски, Петковски и Љамчевски и на брзо ќе се вратат на теренот во зелениот дрес. 

Нема коментара:

Постави коментар