Powered By Blogger

16. 2. 2015.

Битолските карате надежи ги собраа медалите на Балканскиот Куп

ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „ЗАНШИН - ДО„ ОД БИТОЛА
На Балканскиот куп кој се одржа во Лесковац на кој учествуваа  120 клубови со вкупно 870 натпреварувачи,  битолчани покажаа дека уште од најмали нозе дека знаат да победуваат.  Карате Клубот “ЗАНШИН ДО ” - Битола , настапи со 9 натпреварувачи и се закити со 2 златни, 1 сребрен и 8 бронзени медали.
Најмладиот натпреварувач од тимот кој едвај има 5 години Михаил Стефановски се закити со златен медал, како и Ана Костојчиновска која и ако има само 8 години покажа на  татамите дека  е непобедлива. Анастасија Цветковска, која се натпреваруваше во категоријата пионери до 2007 година се закити со сребрен медал. Стефанија Петковска , Андреа Цветковска  и Стефан Димовски - Чонтев во  конкуренција 2003/02 во ката тим  се закитија со  бронзен медал што навистина покажува дека станува збор за исклучителни натпреварувачи. Во поединечен настап Стефанија Петковска во конкуренција 2003/02 освои бронзен медал, како и Стефан Димовски - Чонтев и Андреа Цветковска. Ана Димовска - Чонтева која има  само 5 години   освои бронзен медал, а Симона Ѓоревска во јуниорска кункуренција 99/98 исто така се врати со бронзен медал , Ана Џајкова во силната конкуренција 2007 не успеја да дојде до медал, пласирајќи се на 5 место.

Нема коментара:

Постави коментар