Powered By Blogger

11. 2. 2015.

Берецки побрз од судискиот свиреж за минимален пораз на Пелистер

МИНУТИ ГО ДЕЛЕА ПЕЛИСТЕР ОД РЕМИ СО ПОЗНАТАТА УНГАРСКА ЕКИПА НА ТЕСТ МЕЧ ВО АНТАЛИЈА
Дебрецин - Пелистер 1:0 (0:0)

Стадион во Белек, Анталија (Турција) - Гледачи: 100
Стрелец: Берецки во 88 минута за Дебрецин

Дебрецин:
Слатка, Бердо, Мате, Брковиќ, Веднаи, Боди, Варга, Будла, Витреди, Тисцам Берецки
Уште играа: Новаковиќ, Ференци

Пелистер:
Драгоевиќ, Петковски, Чешмиџиев, Велковски, Смоковски, Тодоровски, Митиќ, Мустафов, Миленковски, Љамчевски, Цилиридис
Уште играа: Мирчевски, Трифуновски

Пелистер загуби со минимални 1:0 од унгарскиот Дебрецин на третиот подготвителен меч во Анталија, Турција. Битолчани потклекнаа во финишот, бидејќи до 88 минута успешно се бранеше од нападите на противникот, но Даниел Берецки погоди на две минути до крајот на натпреварот. На претходните два натпревари во Анталија, Пелистер загуби од Шахтар Караганди од Казахстан со 1:0, но го совлада Колхети Поти од Грузија со 2:0. До крајот на престојот во Турција, момците на тренерот Ѓоко Хаџиевски ќе одиграат уште еден силен натпревар и тоа против полската екиоа Висла Плок.

Нема коментара:

Постави коментар