Powered By Blogger

15. 2. 2015.

Нови победи на Ристевски и Стојков во албанската лига

НОВИ ДОБРИ НАСТАПИ НА ДВАЈЦАТА МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО АЛБАНСКАТА ЛИГА 
Трет меч и трета победа за новиот клуб на Кире Ристевски, албанска Тирана оваа пролет. Лидерот го задржа првото место со победата против Елбасан (бившиот клуб на Ристевски) со 2:0 со головите на Сефа во 54 и Бакај во 90 минута.
Битолчанецот ги одигра сите 90 минути како централен дефанзивец. Ацо Стојков го постигна својот прв гол во новиот тим, албански Скендербег. Македонскиот репрезентативец на својот трет настап во албанската Прва лига го постигна единствениот и победнички гол за Скендербег во триумфот од 0:1 на гостувањето кај Аполонија.

Нема коментара:

Постави коментар