07.02.2015.

Марјан Нашоку на велеслаломската мундијалска трка во Вејл и Бивер Крик

НОВ БИТОЛЧАНЕЦ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Битолскиот скијач во алпски дисциплини Марјан Нашоку ќе се натпреварува  на светското првенство во алппско скијање во Веил и Бивер Крик, Колорадо (САД) кое ќе се одржува во периодот од 02.02.2015 до 15.02.2015. 19 годишниот Нашоку заедно со Антонио Ристевски, Дардан Дехари и Лука Божиновски, под водство на селекторот на македонската алпска скијачка репрезентација, Иван Лесевски.
Марјан Нашоку ќе се натпреварува во дисциплината  велеслалом и се надевме дека достојно ќе ја репрезентира Битола и Македонија. Покрај учеството на европските младински олимписки игри во Либерец, Марјан Нашоку беше и првиот учесник од Македонија на младинските олимписки игри во Инсбрук во 2012 год, а зад себе има и учество во квалификациите на светското првенство во Шладминг во 2013 година. Со тоа уште еднаш се докажува дека Битола е расадник на талентирани, млади, но и врвни скијачи, а скијањето еден од најуспешните спортови на кој треба во иднина да се посвети поголемо внимание за што градот  има можности и потенцијали.

Нема коментара:

Постави коментар